Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец
Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец

Директорот на кумановската болница демантира дека се вработени само партиски кадри: Ниту една медицинска сестра не е член на ДУИ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Македонија
kumanovo-bolnica_4

Пратеникот од ВМРО – ДПМНЕ, Бране Петрушевски, вчера обвини дека во Здравствен дом Куманово на распишаниот оглас за вработување на медицински сестри вработени се само партиски кадри на ДУИ. Директорот на Здравствен дом, Фарук Алили, вели дека информацијата не е точна, односно дека ниту една примена не била член на ДУИ и дека вработувањата оделе преку Министерството за здравство поради што тој не можел да влијае врз оценките и знаењата на сестрите.

— реклама —

Алили вели дека како функционер се залага за вработувања на стручни, не на партиски кадри. Тој кажа дека побарале вработување на 26 лица, но биле одобрени само десет и потенцираше дека тестовите ги подготвува Министерството за здравство, а ги контролира тричлена стручна комисија чиј претседател е Македонец.

— реклама —

– Не се вистините овие информации, пратеникот шпекулира. По нашето барање за вработување до ресорното Министерството кое после праќа на финансии одобрени ни се десет. Ниту една не е член на ДУИ, дури и од мојата партија реагираа дека не се вработени членки. Јас не можам да кажам ништо за тестовите, си има стручна комисија која ги разгледува и оценува. Автоматски се рангираат кандидатите, согласно оценките од средно образование и знаењата покажани на тестирањето. Како јас да интервенирам кои се од ДУИ, кои од друга партија. Исклучиво се залагам за вработувања на стручни кадри, никако партиски, нам проблем ни е недостиг на сестри – вели Алиу.

— реклама —

Тој додава дека не се набркани Македонки, туку три медицински сестри Албанки. Според него недозволиво е во ова време да се игра на карта на национализам, но не негира дека десетте вработени се Албанки. Тој нагласи дека најголем дел од раководителите се Македонци.

– Пратеникот наместо да дојде да поразговара да праша што е потребно шири деизнформации и прави етнички тензии – вели Алиу.

Тој ги повика медиумите, инспекциите да го истражат случајот и кажа дека и сега аплицирале за вработување, бидејќи имаат недостиг на кадар за нови 16 вработувања.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 3 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 3 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 4 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 4 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања