Промени тема
За нас
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески

Директорот на „Македонија пат“ бегал од полиција за време на полициски час

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија

Во денешниот билтен од Министерството за внатрешни работи (МВР) се вели дека синоќа околу 21.20 часот тетовската полиција дала знак за запирање на возило на улицата „Илинденска“ во Тетово, но тоа не застанало и продолжило со движење кон Гостивар.

— реклама —

Како што е наведено во билтенот, возилото било запрено дури на наплатната рампа Желино, а полициската патрола констатирала дека се работи за Б.М., кој се претставил како директор на „Македонија пат“.

„Вчера околу 21.20 часот на ул. Илинденска во Тетово, полициски службеници дале знак за запирање на возило ‘range rover‘ со скопски регистарски ознаки, кое не застанало и продолжило со движење кон Гостивар. Во 21.40 часот на наплатната рампа Желино возилото било запрено од полициска патрола и било констатирано дека се работи за Б.М., кој се претставил како директор на ‘Македонија Пат‘. По наредба на Јавен обвинител на лицето ке му биде издаден платен налог по член 211 став 4“, наведено е во полицискиот билтен.

— реклама —

фото: Архива

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања