Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Владиката Петар: Томосот, кавгите, тарифите, парите за ТВ, политиката, контроверзиите Гледај на LANDOV.MK

Директорот на Пазарна предупреди, на ред се трговците

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Македонија
391557558_266813012994398_3755379909490975043_n

Директорот на Пазарен инспекторат, Горан Трајковски, уверува дека инспекторите вршат надзори и трговците се придржуваат до одлуките на Владата. Манипулациите кои можат да ги направат, ќе бидат казнети, уверува тој.

— реклама —
— реклама —

„Имајќи ги предвид случувањата и информациите кои се актуелни во изминатите денови во однос на тоа дека ќе се зголеми ДДВ на основните прехранбени производи опфатени со одлуките на Владата, сакам да ги информирам граѓаните дека ДДВ од 5% си останува на основните прехранбени производи и покачување на цените нема да има и не смее да има. Трговците може дополнително да ги намалат цените на основните производи, но во ниту еден случај да ги зголемат“, посочува Трајковски.

— реклама —
— реклама —

Тој додава: „Пазарниот инспекторат постојано врши надзори, и можам да кажам дека трговците генерално се придржуваат до одлуките на Владата. Но ако утврдиме дека некој пробува да манипулира со граѓаните, нема да биде поштеден, напротив ќе ја добие соодветната санкција. А тоа дека се казнуваат тие што ги кршат законите, се увиде и изминатиот период. Пак ќе кажам, не ни е цел само да казнуваме, ама има трговци што едноставно не ни оставаат избор и мора да се применат поригорозни санкции со цел да не го направат прекршокот повторно. Пазарниот инспекторат е на терен, и повторно ги повикувам граѓаните, ако забележат непочитување на мерките за гарантирана цена или пак било какви други прекршувања на закони кои се во наша надлежност, да пријават во пазарниот инспекторат. Да не се плашат, затоа што времето на страв и закани е завршено. А закани и притисоци кај мене не поминуваат!“.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања