Промени тема
Контакт
ВО ЖИВО

„Претрес“ на Владиката Петар: Томосот, кавгите, тарифите, парите за ТВ, политиката, контроверзиите

Во живо „Претрес“ на Владиката Петар: Томосот, кавгите, тарифите, парите за ТВ, политиката, контроверзиите Гледај на LANDOV.MK

Директорот на СЗО за Европа до министерот Меџити: Северна Македонија е успешен пример за унапредување на примарната здравствена заштита

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Македонија

Министерот за здравство, д-р Фатмир Меџити заедно со министрите за здравство и делегатите на високо ниво од 53-те земји-членки на Европскиот регион на СЗО, како и претставници на партнерските организации и граѓанското општество имаат средба во Астана, Казахстан којa се одржува од 24-26 октомври 2023 година на 73-та сесија на Регионалната комитет на СЗО за Европа.

— реклама —


Во своето обраќање, д-р Ханс Клуге, директорот на СЗО за Европа ја посочи Северна Македонија како успешен пример за унапредување на примарната здравствена заштита.


— реклама —

– Со цел да ја унапредиме примарната здравстевена заштита, поставувајќи ја како наш приоритет, сакам да посочам еден успешен пример за тоа, Северна Македонија вложи многу труд да го подобри третманот на незаразните болести и овозможи матичните лекари да ја препишуваат хроничната терапија. Честитки до министерот Фатмир Меџити, потенцираше Клуге.


Домаќин на состанокот е Владата на Казахстан, под покровителство на неговата екселенција Касим-Жомарт Токаев, претседател на Казахстан.

— реклама —


Како што соопшти МЗ, во рамки на сесијата ќе бидат разгледани неколку планови за јавно здравје, вклучувајќи акционен план за здравјето на бегалците и мигрантите за 2023-2030 година, рамка за акција за здравствената работна сила за 2023-2028 година и патоказ за антимикробна резистенција за 2023-2030 година.


Посебен фокус ќе биде ставен и на прашањата за управување, вклучувајќи ги тековните и идните програмски буџети, а ќе биде претставен првиот Извештај за отчетност, давајќи преглед на тоа како СЗО/Европа се снабдуваат и управуваат со ресурсите и кои резултати се постигнати.

— реклама —

Инаку, во 2023 година, СЗО ја одбележува својата 75-годишнина, 45 години од потпишувањето на историската Декларација од Алма-Ата за примарна здравствена заштита (ПЗЗ) и средината на Европската програма за работа (EPW) 2020-2025 година – „Обединета акција за подобро здравје во Европа“.


Оттука, RC73 ќе биде можност за делегатите да размислуваат за моменталната состојба на здравјето и благосостојбата низ регионот,за напредокот во спроведувањето на EPW, како и сегашните и идните предизвици, велат од МЗ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања