За противпожарна заштита во модуларната ковид болница во Тетово која изгоре на 8 септември бил задолжен в.д. директорот Флорин Бесими, според документот за изработка на проектот на Министерството за труд и социјална политика (МТСП), Светска банка и Министерство за здравство, објави СДК.мк
Модуларната болница во Тетово е дел од проектот „Итен одговор за ковид-19 на Северна Македонија“, со кој беа монтирани 17 модуларни болници низ целата земја. Според листата за проверка, директорите на болниците се надлежни за подготовка на план за заштита од пожар и имплементација на мерки за заштита во мобилната ковид болница, и тоа треба да биде направено на почетокот на работата на модуларната болница. Заедно со директорот на болницата, задолжени за противпожарната заштита се и одговорни лица вработени во болницата. Според проектот, планот за заштита од пожар и имплементацијата на мерките за заштита се на товар на буџетот на болницата.
Директорите на болниците се задолжени и за редовно одржување на инсталациите (водовод, канализација, струја, греење) во болницата, но тука надлежноста ја делат со претставници на Општина Тетово, комунален инспектор и одговорни лица вработени во болницата. И оваа надлежност е товар на болничкиот буџет. Листата со проверки е дел од документацијата за изградба на модуларните болници, која е објавена од МТСП, преку кое се менаџира заемот од Светска банка за справување со ковид-кризата.
Повеќе на СДК.