Претрес на Дацо Белски: преживувањето на Детонатор, Груевски, Мијалков, Урко.. и судијата со парите
Zy2zP26iJEY

Директорот на затворот „Скопје“ ги отфрла сите обвинувања дека врз притвореникот Орце Камчев се врши тортура

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
orce-kamcev

Директорот на затворот „Скопје“ во Шуто Оризари, Филип Андов, ги отфрла сите обвинувања дека врз притвореникот Орце Камчев се врши тортура, дека е подложен на нехуман третман, и дека се чувал во мала ќелија. Андов вели дека се неточни и наводите дека е влошеното здравјето на Камчев, а за осум дена, била трипати проверувана неговата состојба. Последен пат тоа се случило, по наредба на судија од Кривичниот суд, а на барање на адвокатот на Камчев. Притвореникот бил прегледан и од екипа на Брза помош, објави А1ОН. 

— реклама —

„Проверен е од затворскиот доктор. На барање на адвокатите, судот даде наредба да се провери уште еднаш. Во саботата беше повикана Брза помош и сите параметри му беа добри. Направен е и мониторинг, и пак беше добар, од температура, притисок, сатурација. Ова се притисоци од одбраната. Како притвореник не се пожалил на здравјето за да треба веднаш за било што да се излезе во пресрет. Притворениот редовно ја зема и терапијата која му е препишана, а му ја дава домскиот доктор“, вели директорот Андов за „А1он“.

Текстот во целост на:  „А1он“.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања