Промени тема
Контакт
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот

Директорот на затворот во Шутка ги тешел пратениците кои биле во шок од лошите услови во затворите

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Скопје
shutka-1

Казнено-поправните домови имаат недостиг од финансии за соодветно управување, недоволен број на вработени, пренатрупаност, слаба ресоцијализација, недостиг на здравствени услуги, незадоволителен квалитет и количина на храна, слаб контакт на затворениците со семејствата.

Ова се дел од заклучоците на работната група на собраниската Постојана комисија за заштита на слободите и правата на граѓанинот, кои беа презентирани на денешната Јавна расправа на тема: Состојбата со човековите права во казнено-поправните установи во Република Северна Македонија.

Претседателот на Комисијата, Фадил Зејнели со работната група од повеќе пратеници посетиле три затвори и тоа во КПУ Идризово, Штип и Охрид, во период од јуни 2018 до јули 2019 година.

— реклама —

Дел од говорниците на расправата имаа забелешки на третманот и условите на затворениците додека пак претставниците на Казнено-поправните установи реагираа на лошите услови за работа како што се недостигот на средства и човечки ресурски за справувањето со претходно наведените забелешки.

— реклама —

Заменик народниот правобранител Васка Бајрамоска рече дека при нивната посета на затворите која следела по посетата на пратениците забележале дека во затворите владее корупција и дека многу лесно затворениците добиваат мобилен и дрога, дека постои физичко насилство врз нив, а посебно врз малолетниците во охридскиот затвор. Таа имаше забелешка на ресоцијализација, за која рече дека не постои, како и за констатацијата за здравствената заштита на притворените лица и децата сместени во затворот Охрид, каде се обезбедува само од еден лекар кој работи во итната медицинска помош и доаѓа само еднаш неделно да изврши преглед.

— реклама —

– Сметаме дека улогата на лекарот во постапување со затвореници како специфична категорија на пациенти е многу поголема и не смее да биде сведена на вршење на рутински прегледи и препишување терапија – истакна Бајрамовска.

Заменик директоркарта на Управата за извршување на санкции Билјана Зефиќ во однос на лошите услови за работа на Казнено-поправните установи како главна причина ја наведе високата стекната задолженост на затворите од 148 милиони денари како и исплатените побарувања.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања