„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Директорот за затворот во Шутка: Бoки 13 не барал преместување на психијатрија, за таму се тие што ги прават овие вести

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
boki-13

“Боки13 живееше луксузно, а сега во затвор бара помош и прима инјекции за смирување. Очајниот Јовановски се закани: Носете ме во лудница или ќе пропеам за Заев.”

— реклама —

Вака гласи насловот на статијата на српскиот портал Курир која беше објавена вчера, а во која се наведува дека осомничениот во Рекет Бојан Јовановски испратил порака до македонскиот државен врв да се премести во психијатриското одделение, а ако тоа не биде направено во рок од три дена, тој ќе изнесе докази за нивната вмешаност во рекетирањето. Оваа објава ја пренесоа и дел од македонските медиуми. Есад Рахиќ директорот на затворот во Шутка, каде се наоѓа Јовановски за Канал 5 категорично ги негира овие информации.

-Не вреди да се коментира, се е измислено. Ако е некој за психијатрија тоа се ликовите што ги прават овие вести. Ниту прима инекции, ниту доаѓала брза помош, ниту барал да биде преместен на психијатрија.

— реклама —

Случајот Рекет во последниов период стана непресушен извор на дезинформации и лажни вести, пласирани најчесто во дел од српските портали, а серијалот за Боки 13 се претвори во своевидна медиумска сапуница, во која доминираше префиксот „екслузивно и скандалозно“. За тоа дали умее македонската јавност и македонските медиуми да ги препознаат разговаравме со специјалистот за односи со јавност и нови медиуми Бојан Кордалов. Тој вели дека зад ваквите објави покрај заработката од кликови, најчесто се кријат и други интереси. Но, најважна во борбата против лажните вести е улогата на институциите кои треба да кажат која е нивната страна на приказната.

Бојан Јовановски се наоѓа во притвор од 16ти јули. Тој беше уапсен на граничниот премин Богородица, а е осомничен за изнуда на 1.5 милиони евра и перење на пари.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања