Промени тема
Контакт
ВО ЖИВО

„Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот

Во живо „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Дислоцирана планирана катна гаража -Усвоени измени и дополнувања на ДУП Градска четврт И 04 – Даре Џамбаз

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Скопје
Izjava-Sasa-Bogdanovic-13.6-3

На седница одржана на 11 јуни, Советот на Општина Центар гo усвои Деталниот урбанистички план (ДУП) Градска четврт И 04 – Даре Џамбаз.

Освен усогласување на Деталниот урбанистички план со Генералниот урбанистички план (ГУП) на Град Скопје 2012 - 2022 година, со ревизијата на постоечкиот ДУП постигнати се и низа придобивки во интерес на жителите и урбаното живеење.

Главен фокус е ставен на зачувување на јавните површини и парковското зеленило, кои согласно претходниот ДУП требаше да бидат пренаменети во катна гаража и отворен паркинг. Сепак за да се обезбедат доволно паркинг места во овој дел од градот, планираната катна гаража одпретходниот план каде во моментов веќе постои реализиран парк, е дислоциранана локација непосредно до транзитната магистрална улица, булевар „Македонија“, а се задржува и постоечкото детско игралиште помеѓу трите станбени блока, наместо паркинг како што беше предвидено претходно.

— реклама —

Обврската за инвеститорите, за паркирање во сопствена парцела која се имплементираше и во претходните ревидирани ДУП-ови, се имплементира и во ДУП Градска четврт И 04 – Даре Џамбаз.

Така, услов за реализација на единствениот планиран објект со намена домување во станбени згради во овој ДУП, е обезбедување на потребниот број на паркинг места во рамките на градежната парцела, за разлика од претходниот план каде беше дозволено паркирање во планираната катна гаража. Со новиот ДУП се брише и надградба на постоечки објект кој се наоѓа помеѓу двете најсеверни кули во комплексот градби долж улицата „11 Октомври“ и сите објекти се задржуваат во постојната состојба.

— реклама —

„Нашите приоритети остануваат исти: многу повеќе зеленило, локални паркови и детски игралишта. Секако, и обезбедување на доволно паркинг места. Од усвојувањето на првиот ДУП по мораториумот, паркирањето во рамки на сопствена парцела станува обврска на секој иден инвеститор. Наша цел е и државното земјиште кое согласно претходните ДУП-ови било планирано за изградба на објекти да го пренамениме во јавни површини од интерес на граѓаните. Од првиот момент, од воведувањето на мораториумот, при носење на ревидираните ДУП-ови се стремиме да ги запазиме параметрите на урбано и хумано домување, да напариме планови кои ќе обезбедат непречено струење на воздухот и доволно природна светлина помеѓу објектите. Со имплемнтирање на сé ова, во целост ќе се потврди оправданоста на мораториумот“ – изјави Градоначалникот на Општина Центар, Саша Богдановиќ.

Вкупната површина на планскиот опфат изнесува 7,85 ха, а границите на ДУП Градскачетврт И 04 – ДареЏамбаз се дефинирани во ГУП на Град Скопје 2012-2022 и истите се:

 

— реклама —

 На северо-исток по оската на Ул. „11 Октомври“

 На југо-запад по оската на Бул. „Македонија“ (Јужен булевар)

— реклама —

 На северо-запад и запад по оската на Бул. „Кочо Рацин“

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања