„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Дива свиња во Куманово, животното е еутанизирано, земени мостри за испитување

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
diva-svinja

Дива свиња денеска се прошетала низ Куманово. Животното прво било забележано на улицата Никола Тесла, па кај градскиот стадион и во други делови од центарот, пред да биде заловена и усмртена. Случајот во СВР Куманово бил пријавен во 3:30 часот, потврди МВР.

— реклама —

Од Агенцијата за храна и ветеринарство го потврија случајот и велат дека се преземени сите мерки. Официјален ветеринар на Агенцијата за храна и ветеринарство издал  решение за нештетно отстранување (закопување во јама гробница), на труп од дива свиња, која утрово е еутаназирана во сточарскиот ветеринарен центар „Тодор Велков” во Куманово.

-Станува збор за единка, за чие присуство во градот Куманово, во раните утрински часови било алармирано од страна на граѓани, а во чие заловување биле вклучени официјални ветеринари, припадници на Министерството за внатрешни работи и од ветеринарната станица „Тодор Велков”, се вели во соопштението на Агенцијата за храна и ветеринарство.

— реклама —

При еутаназирањето на дивата свиња од страна на официјален ветеринар на Агенцијата,  исполнети се барањата од законите за здравствена заштита и благосостојбата на животните. Земени се мостри за лабораториско испитување и детектирање на евентуално присуство на вирусот на класична и африканска свинска чума.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања