„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Дизајнерот Златко ја облекувал Цеца: многу е кул!

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Магазин
ceca23

Модниот дизајнер Златко Јовановски ја облече фолк-ѕвездата Цеца Ражнатовиќ за концерт. Тој за пејачката дизајнираше уникатни панталони со корсет, изработени од мониста, срма и рачно везени апликации. Цеца самата побарала од Златко да ѝ дизајнира нешто по негов вкус, а креацијата на која тој работел неколку недели, пејачката ја носеше викендов на концертот со кој ја заврши својата летна турнеја.

— реклама —

„Соработката со Цеца дојде поодамна, кога нејзината стилистка ме контактираше и побара да дизајнирам нешто специјално за неа. Јас ја прашав во кој правец да оди дизајнот, а стилистката ми кажаа дека Цеца ги видела моите креации, дека ѝ се допаѓа сè што правам, па затоа ќе остави на мојата имагинација“, вели Златко.

— реклама —
„Со 70% готова креација отидов кај неа на проба во Белград. Таму разговаравме за украсите и деталите. На пробата владееше многу пријатна атмосфера и имаше одлична соработка. Иако Цеца е огромно име на Балканот, таа е многу кул и бескрајно професионална. По пробата се вратив во Скопје, и откако ја завршивме креацијата во моето ателје, ѝ ја испративме за Белград“, раскажува дизајнерот.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања