Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK

Дизелот во Германија достигна рекордно висока цена: Литарот над 2,22 евра

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Свет
media-library3q60lle3ri7hcea4HuW
Photo by Rock Staar on Unsplash

Горивото во Германија значително поскапело во август, а особено загрижува растот на цената на дизелот. Според анализата на германскиот автомобилски клуб ADAC, минатиот месец бил најскап досега за бензинот Super E10, додека дизелот поскапел уште поизразено.

— реклама —

Просечната цена на литар Super E10 во август изнесувала 2,145 евра, што е речиси пет центи повеќе во однос на јули. Кај дизелот, поскапувањето било нешто помало од 13 центи, па возачите во просек плаќале 2,223 евра за литар.

Најскап ден за точење гориво бил 23 август. Тогаш литар Super E10 чинел 2,188 евра, додека дизелот достигнал 2,283 евра.

— реклама —

Најповолен за возачите бил 9 август, кога Super E10 се продавал по просечна цена од 2,095 евра за литар, а дизелот чинел 2,162 евра.

— реклама —

Од ADAC оценуваат дека високите цени не можат целосно да се објаснат само со движењето на цената на суровата нафта. Како пример го посочуваат периодот во април, кога цената на барелот „Брент“ повремено надминувала 100 долари, но просечната месечна цена на Super E10 тогаш била значително пониска од августовската.

Врз цената на горивото влијаат и трошоците за преработка и дистрибуција, како и даноците, но од ADAC сметаат дека разликата во цените во однос на претходните месеци тешко може целосно да се оправда.

На возачите им е достапна апликацијата „ADAC Drive“, преку која можат во реално време да ги споредуваат цените на горивото на повеќе од 14.000 бензински станици низ Германија и да ги пронајдат оние со најповолни цени.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryj41dl1vvqdtl6DdkcnF

Автомобил влетал во група луѓе во Германија, повредени најмалку четири лица

Свет | пред 1 ден

— реклама —
nafta

Германија ќе пласира уште 13,5 милиони барели нафта и нафтени производи

Свет | пред 2 дена

media-libraryjcev6r72ts504Vi5aUj

Авион во Франкфурт тргнал да полетува во спротивна насока

Свет | пред 2 дена

media-libraryurfltrld9rrn7iQrfQg

(Видео) Силно невреме ја погоди Германија: Тешко повредени, урнати дрвја и прекини во железничкиот сообраќај

Свет | пред 4 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања