Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

ДКСК да се охрабри, и дезертерот Ковачевски призна дека е исплаќана државна помош на фирма основана од него додека бил на функција, вели ВМРО-ДПМНЕ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
Biljana-Ivanovska

ДКСК да се охрабри, и дезертерот Ковачевски призна дека е исплаќана државна помош на фирма основана од него додека бил на функција, само тие не смеат да отворат истрага, вели ВМРО-ДПМНЕ

„Над 300.000 евра се префрлени од владата или од ФИТР кон Пиксел груп додека Ковачевски бил заменик министер или мандатар за состав на нова влада.

— реклама —

Ковачевски самиот призна дека се вршени исплати од државата кон Пиксел груп.

— реклама —

Истата таа Пиксел груп е фирмата која за само една година од основањето гради фабрика за производство на фотоволтаични панели.

Пиксел груп е фирмата во средината на соларниот картел на аферата Броило, заедно со КМГ ЕОЛ Квазар формирана од кумот на Ковачевски, која се јавува на државни тендери, и склучила договори во висина од 2 милиони евра, со разни државни институции откако е СДС на власт. Но и договор со ЕВН во вредност од над 2 милиони евра.

— реклама —

КМГ ЕОЛ Квазар добива, а Пиксел груп произведува. Парите завршуваат кај фирмата основана од Ковачевски.

— реклама —

И истата таа Пиксел груп 8 месеци откако Ковачевски станува премиер почнува со инвестиција на фабрика во ТИРЗ Тетово со бугарски партнер во висина од 54 милиони евра.

ДКСК да не чека. Фактите за судир на интереси се насекаде. Да е отвори постапка веднаш. Одговорност мора да има“, се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања