Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

ДКСК и ЈО да отворат случај за аферата „Броило“, во која Ковачевски и Паунов преку соларен картел заработиле 26 милиони евра, вели ВМРО-ДПМНЕ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
kovacevski

ДКСК и ЈО да се охрабрат и да отворат случај за Димитар Ковачевски и неговиот кум Паунов кои на сомнителен начин заработиле 26 милиони евра, вели ВМРО-ДПМНЕ

„Ковачевски и Паунов злосторнички се здружиле и 5 месеци откако антимакедонската СДС е на власт во 2017та година ја основале Пискел Груп.

— реклама —

Во рок од една година Ковачевски и Паунов отвораат фабрика за производство на фотоволтаични панели, а преку државна помош земале 2 милиони евра, додека пак во период кога Ковачевски е заменик министер за финансии, фирмата на кумот на Ковачевски прави договор со ЕВН во вредност од над 2 милиони евра.

Аферата „Броило“покажува сериозна спрега помеѓу криминалот и Димитар Ковачевски. Институциите да не го оправдуваат криминалот на Ковачевски и Паунов и веднаш да отворат случај по допрен глас.

— реклама —

Дополнително, истата фирма која е основана од Ковачевски, само 8 месеца по стапување на функциката претседател на Владата влегува во инвестиција во фабрика во ТИРЗ Тетово, заедно со ново формирана бугарска фирма, која пак е во висина од 54 милиони евра, а според учеството во уделите, делот кој Пиксел Груп треба да го инвестира е скоро 22 милиони евра.

— реклама —

Ковачевски ја користи функцијата за лично богатење, додека народот осиромашува.

И самиот Ковачевски вчера во гостување на национална телевизија призна дека неговата компанија добила државни пари, што е доволен доказ дека тој свесно ја користел позицијата за лично богатење.

— реклама —

Токму затоа ДКСК и ЈО веднаш да отворат случај за Ковачевски и Паунов и да не се ставаат во одбрана на криминалот, во спротивно истите се соучесници во соларниот картел тежок 26 милиони евра.

Со промена на власта и ослободување на институциите ќе следи одговорност“, се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања