ДКСК: Кај Ангеловска нема кривична одговорност за „Еуростандард банка“ и имала предност да носи одлуки за своите пари

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
nina

Државната комисија за спречување на корупција не утврдува кривична одговорност кај министерката за финансии Нина Ангеловска.

— реклама —

Претседател на ДКСК,Билјана Ивановска  по седницата на која бил разгледуван предметот за можен судир на интереси со стечајот на „Еуростандард банка“ и депозитот на министерката за финансии Нина Ангеловска, истакна дека заклучокот е донесен врз основа на целокупната документација прибавена од Министерството за финансии и од Народна Банка.

„Со стапување на функцијата, министерката за финансии по службена должност располагала со информации и податоци за движењата на банкарскиот и на финансиските пазари и имала можност да ги дознае податоците поврзани со банката, каде таа е клиент, а не биле достапни на другите штедачи во таа банка. Овие инфорации податоци можеле да имаат влијанеи врз донесувањето на нејзината одлука поврзана со депозитот во таа банка, со што таа имала предност пред останатите штедачи во банката“, изјави Ивановска.

— реклама —

Ивановска информира дека за ДКСК ќе биде приоритет донесување Закон за потекло на имотот.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања