„Претрес“ на Бранко Героски: Моќта, новинарството и линијата што се преминува
whT3mom746w

ДКСК ќе побара од Владата да им ги одземе ингеренциите на Охрид и Струга и таа да ги урива дивоградбите

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
divogradbi-2

Државната комисија за спречување на корупција ќе побара од Владата да ги преземе сите активности за ги одземе ингеренциите на Општина Охрид и Општина Струга, и да таа да ги урива дивоградбите. Причината, според претседателката на ДКСК, Билјана Ивановска, е премалата сума која Охрид во 2019 ја има одделено за ангажирање на фирма која треба да ги урне дивоградбите.

— реклама —

„Општина Охрид, во 2019 година има еден договор со еден оператор и тоа од 1.5 милиони денари со пресметано ДДВ. Сметаме дека тоа е премал износ, ДКСК ќе упати барање до Владата да ги преземе сите активности, за да ги одземе ингеренциите на сите општини, кои се во овој регион по заштита на УНЕСКО и да се справи со бесправно изградените објекти. Со овие средства може да се урне една дивоградба, а тоа упатува кон тоа дека има селективен пристап. Овој регион е под заштита на УНЕСКО и мислам дека Владата треба да ја преземе надлежноста и да заврши со бесправно изградените објекти“, кажа Ивановска.

Минатата година, ДКСК поведе постапка и побара да се поништи тендерот за избор на фирма која требаше да ги урива дивоградбите, бидејќи јавната набавка ја доби фирма која се поврзуваше со охридскиот советник Нефи Усеини. Тогаш, антикорупционерите кажаа дека службено лице не може да воспостави деловни односи со правно лице кое е во негова сопственост или во сопственост на член на семејството.

— реклама —

фото: Архива

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања