Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

ДКСК продолжува со амнестијата за Ковачевски, фактите нема да исчезнат колку и да прикажуваат дека не ги гледаат, вели ВМРО-ДПМНЕ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
24-09-2022-Kovacevski

ДКСК продолжува со амнестијата за Ковачевски, фактите нема да исчезнат колку и да прикажуваат дека не ги гледаат, вели ВМРО-ДПМНЕ

„И самиот дезертер Ковачевски призна дека додека тој бил заменик министер е исплаќана државна помош кон фирма основана од него, само ДКСК се прави дека не слуша.

— реклама —

Над 300.000 евра се исплатени од државата на Пиксел груп во време кога Ковачевски е или заменик министер или мандатар за состав на влада.

— реклама —

Пиксел груп е фирмата која Ковачевски ја формира по доаѓањето на СДС на власт, заедно со неговиот кум, и за само една година градат фабрика.

Истата оваа Пиксел груп е центарот на соларниот картел во аферата Броило.

— реклама —

Пиксел груп е фирмата која ги произведува фотоволтаичните панели кои КМГ ЕОЛ Квазар на кумот на Ковачевски ги монтира, а дел од зделките кои ги имаат се и 2 милиона евра државни тендери во време на СДС земени преку КМГ ЕОЛ Квазар, и договор во вредност од над 2 милиони евра со ЕВН, договорот со ЕВН е склучен кога Ковачевски е заменик министер.

— реклама —

Пиксел груп 8 месеци откако Ковачевски станува премиер основа и фирма во индустриската зона во Тетово, каде заедно со бугарска фирма почнуваат со изградба на фабрика во висина од 54 милиоми евра.

Ова се фактите. ДКСК да не молчи и да постапи по претставката која ја поднесе ВМРО-ДПМНЕ“, се вели во соопштението

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања