Промени тема
Контакт
Стефан Николовски на „Претрес“: Тони, Тино, Атанас, Љутков, политичарите и „тајните“ зад сцената! Гледај на LANDOV.MK 2:18:21

До 12 часот се вакцинирани вкупно 267 деца со МРП вакцина

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија

Министерството за здравство апелира до сите родители да ги вакцинираат децата со МРП вакцина.

— реклама —

„Потсетуваме дека се уште е на сила наредбата дека децата, кои се невакцинирани нема да бидат примени во детските градинки, со цел да се спречи ширењето на епидемијата прогласена во Скопје.

— реклама —

Министерството информира дека денеска до 12 часот се вакцинирани вкупно 267 деца од предучилишна возраст. Инаку, до овој момент е добиена лабораториска потврда за две лица, од шестте новозаболени, додека за две од нив резултатите се негативни, а кај еден случај  на дете за кое се прават дополнителни лабораториски испитувања.

Министерството за здравство, во соработка со Здравствен дом-Скопје воведува и втора смена во поликлиниките, каде се врши вакцинација, односно вакциналните пунтови во поликлиниките „Букурешт“, „Бит Пазар“ и „Јане Сандански“ ќе работат до 19 часот.

— реклама —

Напоменуваме дека МРП вакцината е висококвалитетна, производител е компанијата GlaxoSmithKline од Белгија“, велат од Министерството за здравство.

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања