Промени тема
Контакт

До 14:30 часот регистрирани пет пожари на отворено, активни пожари нема

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Македонија
media-libraryu02imf7o7mgb5zeW6zq
фото: unsplash

Во текот на денешниот ден, заклучно со 14:30 часот, на територијата на државата биле евидентирани вкупно пет пожари на отворен простор. Според последните информации, во моментов нема активни пожари, еден е ставен под контрола, а четири се целосно изгаснати.

— реклама —

Под контрола е пожарот во Општина Кратово, во атарот на селото Железница, каде што гори депонија.

— реклама —

Надлежните служби успеале целосно да ги изгаснат пожарите во неколку општини низ земјата.

Во Општина Струмица, помеѓу селата Муртино и Банско, бил изгаснат пожар во кој гореле ѓубре, ниска вегетација и шамак. Целосно е локализиран и пожарот кај селото Теарце во Општина Теарце, во близина на бензинската пумпа „Стјудес Петрол“, каде што била зафатена ниска вегетација.

— реклама —

Изгаснат е и пожарот на потегот меѓу селата Панчарево и Црник во Општина Пехчево, како и пожарот кај селото Долно Дуќани во Општина Велес, каде што исто така горела ниска вегетација.

— реклама —

Надлежните служби и понатаму ја следат состојбата на терен и апелираат до граѓаните внимателно да се однесуваат на отворен простор, со цел да се спречи појава на нови пожари.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library64vnuv8c02r09DiTpEw

Над 40 пожари за еден ден, 16 сè уште не се изгаснати

Македонија | пред 15 часа

— реклама —
media-librarysesrjviu6vap1uToRCs

Активен пожар на Шар Планина, огнот зафатил пасишта над Боговинското Езеро

Македонија | пред 16 часа

pozarna-

Гореше стан кај Клинички, пожарникар се наголтал чад и заврши во болница

Скопје | пред 21 час

media-libraryhh5dg8plv2epeFdas1H

Пожар под Раштак, гори сува трева и нискостеблеста шума

Македонија | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања