Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

До 18 часот изгаснати 10 пожари на отворен простор, активен е пожар кај Василево

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 месеци -

Македонија
media-libraryq8n8763ik4287kVU6Wy
Илустрација

До 18 часот денеска на територијата на државата се регистрирани вкупно 11 пожари на отворен простор, од кои еден е сè уште активен, додека 10 се целосно изгаснати, информира Центарот за управување со кризи.

— реклама —

Активен останува пожарот во Општина Василево, каде што гори депонија во селото Василево.

— реклама —

Во текот на денот пожарникарите успеале да изгаснат 10 пожари на повеќе локации низ државата. Изгаснати се пожарите во дебарското село Гари, каде што гореле ниска вегетација и нискостеблеста мешана шума, како и во Општина Центар Жупа, каде што бил зафатен земјоделски имот.

Изгаснати се и пожарите кај валандовското село Касандол, во селата Житоше и Локвени во Општина Долнени, во битолската населба Мал Париз, како и во населбата Драчево во Општина Аеродром.

— реклама —

Пожарникарите интервенирале и кај селото Блаце во Општина Чучер-Сандево, на улицата „Брњачка Буна“ во Општина Шуто Оризари, на патниот правец Тетово – Брвеница, како и во кратовското село Железница, каде што горела депонија.

— реклама —

Надлежните апелираат граѓаните да бидат внимателни и да избегнуваат активности кои можат да предизвикаат пожари на отворен простор, особено во услови на високи температури.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryu3k3obm0rggs5FPIqHz

(Видео) Голем пожар кај Бит-пазар во Скопје: Горат магацини, интервенираат шест противпожарни возила

Скопје | пред 3 дена

— реклама —
media-librarychbf2bvu3go520Zb474

Гори депонијата во Еднокуќево, чадот се чувствува и во околината на Струмица

Македонија | пред 3 седмици

media-libraryio3jm88ks09qdTwwYBA

Илјадници домови загрозени од шумските пожари во Калифорнија, двајца пожарникари повредени

Свет | пред 3 седмици

media-libraryk10rpevd6fliclod3wr

(Видео) Третпат опожарен приватен имот на шумочувар од Зелениково

Македонија | пред 3 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања