Промени тема
Контакт
Од лекот за Ива Михаилова до Бошкоски, „Ровер“ и криминалот – Барбов и Раичевиќ во „Претрес“ Гледај на LANDOV.MK 2:44:14

До 18 часот регистрирани 11 пожари на отворен простор, три се активни

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Македонија
media-libraryp5bkvlfgsfid72gPJ8J

Во текот на денешниот ден во Македонија се регистрирани вкупно 11 пожари на отворен простор, од кои три сè уште се активни, а осум се изгаснати, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК).

— реклама —

До 18 часот активни се пожарите во Општина Долнени, во селата Бело Поле и Браилово, каде што гори ниска вегетација, како и во Општина Аеродром, во Горно Лисиче, исто така со зафатена ниска вегетација.

— реклама —

Во текот на денот биле изгаснати осум пожари. Интервенции имало во селото Бањица, во Општина Чашка, во Биџево, во Општина Струга, и во Сенакос, во Општина Врапчиште.

Пожар бил изгаснат и на депонијата во Делчево, како и кај езерото Букри, во Општина Новаци, каде што горела шума.

— реклама —

Во Општина Сопиште бил изгаснат пожар во селото Чифлик, каде што била зафатена борова шума. Интервенции имало и во Брњарци, во Општина Арачиново, каде што гореле ниска вегетација и борови дрвја, како и во Волково, во Општина Ѓорче Петров, каде што биле зафатени ниска вегетација, борови дрвја и грмушки.

Од ЦУК информираат дека податоците се однесуваат на состојбата со пожарите на отворен простор до 18 часот на 8 август 2026 година.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryio3jm88ks09qdTwwYBA

Илјадници домови загрозени од шумските пожари во Калифорнија, двајца пожарникари повредени

Свет | пред 2 дена

— реклама —
media-libraryk10rpevd6fliclod3wr

(Видео) Третпат опожарен приватен имот на шумочувар од Зелениково

Македонија | пред 3 дена

media-library372j1967aalr4Ld4tDV

Три активни пожари во Македонија, еден е под контрола

Македонија | пред 1 седмица

media-library64vnuv8c02r09DiTpEw

Над 40 пожари за еден ден, 16 сè уште не се изгаснати

Македонија | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања