Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

До 18 часот регистрирани девет пожари, два сè уште се активни

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Македонија
media-librarynfoninapgqpkdStdocW
Илустрација

Центарот за управување со кризи (ЦУК) соопшти дека до 18 часот денеска на територијата на државата се регистрирани вкупно девет пожари на отворен простор. Од нив, два се активни, еден е ставен под контрола, а шест се изгаснати.

— реклама —

Активни се пожарите кај селото Бајково во Општина Струмица, каде што гори шума, како и кај селото Гарани во Општина Кичево, каде што се зафатени ниска вегетација и стрништа.

— реклама —
— реклама —

Под контрола е пожарот кај селото Мокриево во Општина Ново Село, каде што горела ниска вегетација.

— реклама —

Во текот на денот се изгаснати шест пожари, и тоа кај месноста Трајаново Трло во Општина Кочани, во Општина Чешиново-Облешево, кај селото Пршовце во Општина Теарце, кај селото Речане во Општина Гостивар, во населбата Инџиково во Општина Гази Баба и во населбата Визбегово во Општина Шуто Оризари. Според ЦУК, во овие случаи гореле ниска вегетација, стрништа, отпаден материјал и дива депонија.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryu3k3obm0rggs5FPIqHz

(Видео) Голем пожар кај Бит-пазар во Скопје: Горат магацини, интервенираат шест противпожарни возила

Скопје | пред 2 дена

— реклама —
media-librarychbf2bvu3go520Zb474

Гори депонијата во Еднокуќево, чадот се чувствува и во околината на Струмица

Македонија | пред 3 седмици

media-libraryio3jm88ks09qdTwwYBA

Илјадници домови загрозени од шумските пожари во Калифорнија, двајца пожарникари повредени

Свет | пред 3 седмици

media-libraryk10rpevd6fliclod3wr

(Видео) Третпат опожарен приватен имот на шумочувар од Зелениково

Македонија | пред 3 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања