Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

До 18 часот регистрирани шест пожари на отворен простор, четири се изгаснати

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 месеци -

Македонија
media-librarynfoninapgqpkdStdocW
Илустрација

До 18 часот денеска на територијата на државата се регистрирани вкупно шест пожари на отворен простор, од кои еден е активен, еден е ставен под контрола, а четири се целосно изгаснати.

— реклама —

Според информациите од надлежните служби, активен е пожарот во Општина Гостивар, во близина на селото Чегране, каде што гори ниска вегетација и грмушки.

— реклама —

Под контрола е ставен пожарот во Општина Кратово, кај селото Железница, каде што гори депонија.

Во текот на денот целосно се изгаснати четири пожари. Станува збор за пожарот во Општина Струмица, помеѓу селата Муртино и Банско, каде што гореле ѓубре, ниска вегетација и шибје, како и пожарот во Општина Теарце, во близина на бензинската пумпа „Стјудес Петрол“, каде што била зафатена ниска вегетација.

— реклама —

Изгаснати се и пожарите во Општина Пехчево, на потегот меѓу селата Панчарево и Црник, како и во Општина Велес, кај селото Долно Дуќани, каде што исто така горела ниска вегетација.

— реклама —

Надлежните служби и понатаму ја следат состојбата на терен и апелираат до граѓаните внимателно да се однесуваат на отворен простор со цел да се спречи појава на нови пожари.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryu3k3obm0rggs5FPIqHz

(Видео) Голем пожар кај Бит-пазар во Скопје: Горат магацини, интервенираат шест противпожарни возила

Скопје | пред 3 дена

— реклама —
media-librarychbf2bvu3go520Zb474

Гори депонијата во Еднокуќево, чадот се чувствува и во околината на Струмица

Македонија | пред 3 седмици

media-libraryio3jm88ks09qdTwwYBA

Илјадници домови загрозени од шумските пожари во Калифорнија, двајца пожарникари повредени

Свет | пред 3 седмици

media-libraryk10rpevd6fliclod3wr

(Видео) Третпат опожарен приватен имот на шумочувар од Зелениково

Македонија | пред 3 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања