Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

До 18 часот регистрирани 14 пожари низ Македонија – осум се активни

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Македонија
media-libraryvpafti6ud3lra9Gzoej

На територијата на Македонија до 18 часот денеска се регистрирани вкупно 14 пожари на отворен простор, од кои осум се активни, еден е ставен под контрола, а пет се целосно изгаснати, информира Центарот за управување со кризи.

— реклама —

Активни пожари има во осум општини. Во Прилепско гори ниска вегетација на повеќе краци од подрачјето на селото Чаниште, кон Крушевица, Лопатица, Дуње и Црна Река.

Пожар е активен и во мешана шума на потегот Моране–Вртекица–Рамни Габер во Општина Студеничани, како и кај месноста Видуш, кај селата Драгов Дол и Локвица во Македонски Брод, каде што гори ниска вегетација, нискостеблеста шума и грмушки.

— реклама —

Во Кичевско активен е пожарот кај селото Тајмиште, во месноста Дарда, каде што гори високостеблеста букова шума. Пожар има и кај селото Никуштак во Општина Липково.

— реклама —

Во Општина Крушево повторно се активирал пожарот кај селото Белушино, со крак кон Јакреново, каде што огнот е ставен под контрола. Активни се и пожари кај селото Лопате во Кумановско и кај Ломница во Општина Врапчиште.

Под контрола е ставен пожарот на депонијата во Делчево.

— реклама —

Во текот на денот се изгаснати пет пожари – кај селото Форино во Гостиварско, Церово во Желино, Мусинци во Могила, Марена во Кавадарци и на депонијата во селото Златари во Ресенско.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryu3k3obm0rggs5FPIqHz

(Видео) Голем пожар кај Бит-пазар во Скопје: Горат магацини, интервенираат шест противпожарни возила

Скопје | пред 1 ден

— реклама —
media-librarychbf2bvu3go520Zb474

Гори депонијата во Еднокуќево, чадот се чувствува и во околината на Струмица

Македонија | пред 3 седмици

media-libraryio3jm88ks09qdTwwYBA

Илјадници домови загрозени од шумските пожари во Калифорнија, двајца пожарникари повредени

Свет | пред 3 седмици

media-libraryk10rpevd6fliclod3wr

(Видео) Третпат опожарен приватен имот на шумочувар од Зелениково

Македонија | пред 3 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања