Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

До 18 часот регистрирани 18 пожари во земјава, осум сè уште активни

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Македонија
media-library3v1okngkog6c9sWWKQp

Во земјава до 18 часот денеска се регистрирани 18 пожари на отворен простор, од кои осум се активни, еден е под контрола, а девет се изгаснати, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК).

— реклама —

Најголем број активни пожари има во повеќе општини. Во Ресенско гори меѓу селата Бела Црква и Подмочани, каде што се зафатени борова шума и ниска вегетација.

Активен е и пожарот на подрачјето на Студеничани и Зелениково, од селата Моране, Вртекица и Рамни Габер кон кракот кон Палиград, во правец на Преслап, каде што гори мешана шума.

— реклама —

Пожари има и на подрачјето на Сарај, меѓу Копаница и Радуша, во Петровец меѓу Горно Коњари и Дивљан, во Јегуновце кај Копанце и во Чашка над Нежилово, на местото викано Сватови.

— реклама —

Во Прилепско активни се два пожара – кај селото Алинци, каде што гори депонија, и кај касарната, каде што е зафатена ниска вегетација.

Еден пожар е ставен под контрола на подрачјето меѓу Гостивар и Македонски Брод, кај селото Трново, со ширење кон Битово, Заград и Страјане. Таму се зафатени нискостеблеста шума, ниска вегетација, пасишта и папрат.

— реклама —

Во текот на денот се изгаснати девет пожари во Битола, Долнени, Прилеп, Струмица, Босилово, Струга, Градско, Куманово и Липково.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryu3k3obm0rggs5FPIqHz

(Видео) Голем пожар кај Бит-пазар во Скопје: Горат магацини, интервенираат шест противпожарни возила

Скопје | пред 1 ден

— реклама —
media-librarychbf2bvu3go520Zb474

Гори депонијата во Еднокуќево, чадот се чувствува и во околината на Струмица

Македонија | пред 2 седмици

media-libraryio3jm88ks09qdTwwYBA

Илјадници домови загрозени од шумските пожари во Калифорнија, двајца пожарникари повредени

Свет | пред 3 седмици

media-libraryk10rpevd6fliclod3wr

(Видео) Третпат опожарен приватен имот на шумочувар од Зелениково

Македонија | пред 3 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања