Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

До 18 часот регистрирани 22 пожари на отворен простор, пет се активни

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Македонија
media-libraryp5bkvlfgsfid72gPJ8J

Во земјава денеска до 18 часот се регистрирани 22 пожари на отворен простор, од кои пет се активни, пет се ставени под контрола, а 12 се целосно изгаснати, информира Центарот за управување со кризи.

— реклама —

Активни пожари има во Штип, Струга, Сарај и Липково.

— реклама —

Во Општина Штип пожарот е меѓу селата Селце, Пухче, Степанци и Лакавица, каде гори ниска вегетација. Во Општина Струга пожарите се во реонот на селата Пискупштина, Луково и Буринец, каде е зафатена шума.

Во Општина Сарај активни се два пожара – кај Копаница и Радуша, каде гори нискостеблеста шума и ниска вегетација, како и кај Долно Арнакија, каде е зафатена ниска вегетација. Активен пожар има и во Општина Липково, кај селото Гошинце, каде гори ниска шума.

— реклама —

Под контрола се пет пожари во Македонски Брод, Зелениково и Делчево. Во Македонски Брод пожарите се кај селата Битово, Заград и Страјане, Драгов Дол и Белица. Во Зелениково гори мешана шума над селото Палиград, додека во Делчево пожарот е на градската депонија Острец.

— реклама —

Во текот на денот се изгаснати 12 пожари, и тоа во Велес, Ново Село, Валандово, Боговиње, Гостивар, Долнени, Прилеп, Виница, Сарај, Липково и Ранковце.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryu3k3obm0rggs5FPIqHz

(Видео) Голем пожар кај Бит-пазар во Скопје: Горат магацини, интервенираат шест противпожарни возила

Скопје | пред 1 ден

— реклама —
media-librarychbf2bvu3go520Zb474

Гори депонијата во Еднокуќево, чадот се чувствува и во околината на Струмица

Македонија | пред 2 седмици

media-libraryio3jm88ks09qdTwwYBA

Илјадници домови загрозени од шумските пожари во Калифорнија, двајца пожарникари повредени

Свет | пред 3 седмици

media-libraryk10rpevd6fliclod3wr

(Видео) Третпат опожарен приватен имот на шумочувар од Зелениково

Македонија | пред 3 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања