Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

До 18 часот регистрирани 22 пожари на отворен простор, седум се активни

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Македонија
media-librarykdvod7nsaang94ZKDdJ

На територијата на земјава денеска до 18 часот се регистрирани 22 пожари на отворен простор, од кои седум се активни, два се ставени под контрола, а 13 се целосно изгаснати, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК).

— реклама —

Активни пожари има во повеќе општини. Во Студеничани гори на потегот Моране – Вртекица – Рамни Габер, каде е зафатена мешана шума, како и во Батинци, каде гори ниска вегетација.

Пожар има и кај селото Палиград во Општина Зелениково, каде се зафатени ниска вегетација и шума. Во Македонски Брод активни се пожарите во месноста Видуш, кај селото Драгов Дол и кај Локвица, каде гори ниска вегетација, нискостеблеста шума и грмушки.

— реклама —

Активен пожар е регистриран и во општините Велес и Зелениково. Пожарот кај С’лп, во месноста Горно Село, се проширува кон Карабуњиште, Бузалково, Добрино и Тисовица, при што е зафатена ниска вегетација, дабова и габерова шума, како и квалитетна дабова шума.

— реклама —

Во општините Јегуновце и Сарај пожарот од подрачјето на селата Копанце и Туденце се проширува кон Бојане, а гори мешана шума. Активен пожар има и кај селото Чаниште во Општина Прилеп, каде е зафатена ниска вегетација.

Два пожари се ставени под контрола – во селото Железница во Општина Кратово и на депонијата во Делчево.

— реклама —

Во текот на денот се изгаснати 13 пожари на отворен простор во Куманово, Крушево, Прилеп, Долнени, Битола, Ресен, Штип, Желино, Дојран, Струга, Росоман и Студеничани.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarychbf2bvu3go520Zb474

Гори депонијата во Еднокуќево, чадот се чувствува и во околината на Струмица

Македонија | пред 2 седмици

— реклама —
media-libraryio3jm88ks09qdTwwYBA

Илјадници домови загрозени од шумските пожари во Калифорнија, двајца пожарникари повредени

Свет | пред 3 седмици

media-libraryk10rpevd6fliclod3wr

(Видео) Третпат опожарен приватен имот на шумочувар од Зелениково

Македонија | пред 3 седмици

media-library372j1967aalr4Ld4tDV

Три активни пожари во Македонија, еден е под контрола

Македонија | пред 4 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања