Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

До 18 часот регистрирани 23 пожари на отворен простор, осум се активни

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Македонија
media-library6kqr1422itat7uaTfmr

Во текот на денот, до 18:00 часот, во земјава се регистрирани вкупно 23 пожари на отворен простор, информира Центарот за управување со кризи.

— реклама —

Од нив, осум пожари се активни, еден е ставен под контрола, додека 14 се целосно изгаснати.

Активни пожари има на територијата на општините Студеничани и Зелениково, Гостивар, Чашка, Градско, Прилеп, Македонски Брод, Кавадарци и Виница.

— реклама —

Најсериозна е состојбата кај пожарот во атарот на селата Моране, Вртекица и Рамни Габер, со крак кон Палиград и над Вражале, каде што гори мешана шума. Пожар има и кај Гостивар, во селото Трново, со ширење кон Битово и Заград, каде што е зафатена ниска вегетација и папрат.

— реклама —

Активни пожари има и над Нежилово во Општина Чашка, меѓу Долно Чичево и Подлес во Општина Градско, кај селото Коњаре во Општина Прилеп, меѓу резерватот „Јасен“ и селото Брезница, како и на градската депонија „Мелци“ во Кавадарци и зад салонот за мебел „Мебел Ви“ во Виница.

Пожарот кај селото Тајмиште, месноста Дарда, во Општина Кичево, каде што гори високостеблеста букова шума, е ставен под контрола.

— реклама —

Во текот на денот се изгаснати вкупно 14 пожари, меѓу кои и пожари во Сарај, Гостивар, Куманово, Берово, Струмица, Кичево, Струга, Делчево, Пробиштип, Гази Баба и Чучер Сандево.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryu3k3obm0rggs5FPIqHz

(Видео) Голем пожар кај Бит-пазар во Скопје: Горат магацини, интервенираат шест противпожарни возила

Скопје | пред 1 ден

— реклама —
media-librarychbf2bvu3go520Zb474

Гори депонијата во Еднокуќево, чадот се чувствува и во околината на Струмица

Македонија | пред 2 седмици

media-libraryio3jm88ks09qdTwwYBA

Илјадници домови загрозени од шумските пожари во Калифорнија, двајца пожарникари повредени

Свет | пред 3 седмици

media-libraryk10rpevd6fliclod3wr

(Видео) Третпат опожарен приватен имот на шумочувар од Зелениково

Македонија | пред 3 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања