Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

До 20 часот регистрирани повеќе пожари во Скопскиот регион, три сè уште се активни

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Македонија
media-library9djm2ng29eandFoxdyt
Фото: Илустрација

Повеќе пожари на отворен простор беа евидентирани до 20 часот во Скопскиот регион, а благодарение на брзата реакција на пожарникарите и надлежните служби, најголемиот дел од нив се ставени под контрола или целосно се изгаснати, соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК).

— реклама —

Според информациите од ЦУК, гореле претежно сува и ниска вегетација, како и овоштарник, а по сите пријави веднаш интервенирале екипи на Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје.

— реклама —

Под контрола или целосно изгаснати се пожарите во Волково, Кучевишка Бара, Катланово, Кадино на патот кон Ајватовци, Лисиче кај Чатал, Бунарџик, Катлановска Сушица и на потегот Добри Дол – Терминал во Општина Сопиште.

— реклама —

Во моментот пожарникарите сè уште интервенираат на три локации – во атарот на селото Блаце кај Катланово, во Општина Петровец, на влезот во селото Сушица, во Општина Петровец, каде што гори овоштарник, како и во селото Страхојадица, во Општина Зелениково, каде што е зафатена сува трева.

— реклама —

Од ЦУК наведуваат дека благодарение на навремената реакција, добрата координација на сите ангажирани служби и пожртвуваноста на пожарникарите, состојбата во најголемиот дел од Скопскиот регион е ставена под контрола. Дополнително, Центарот координира и со Дирекцијата за заштита и спасување за обезбедување дополнителна поддршка и надзор на терен, со цел целосно ликвидирање на преостанатите активни жаришта.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања