Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

До пладне регистрирани седум пожари на отворен простор, пет сè уште се активни

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 месеци -

Македонија
media-libraryhgevo332isba8jXMWHR
unsplash / Илустрација

До 12 часот денеска на територијата на државата се евидентирани седум пожари на отворен простор, од кои пет се активни, а два се целосно изгаснати, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК).

— реклама —

Активни пожари се регистрирани во Општина Шуто Оризари, кај Џиди Комерц, каде што гори ѓубре и сува трева, во Општина Старо Нагоричане, во селото Ругинце, каде огнот зафатил ниска вегетација, стрништа и сува трева, како и во Општина Дојран, кај селото Сретеново, каде гори шума.

— реклама —

Пожари се активни и во Општина Велес, покрај автопатот Велес–Штип, во близина на Чолошево, каде гори ниска вегетација и сува трева, како и на градската депонија во Велес, каде е зафатено ѓубре.

— реклама —

Во меѓувреме, изгаснати се пожарите во селото Житоше, Општина Долнени, во близина на училиштето, каде гореле ниска вегетација и сува трева, како и пожарот во битолското село Кукуречани, каде горело ѓубре.

— реклама —

Надлежните служби остануваат на терен и апелираат до граѓаните да бидат внимателни и да не палат оган на отворено, особено во услови на високи температури.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryu3k3obm0rggs5FPIqHz

(Видео) Голем пожар кај Бит-пазар во Скопје: Горат магацини, интервенираат шест противпожарни возила

Скопје | пред 3 дена

— реклама —
media-librarychbf2bvu3go520Zb474

Гори депонијата во Еднокуќево, чадот се чувствува и во околината на Струмица

Македонија | пред 3 седмици

media-libraryio3jm88ks09qdTwwYBA

Илјадници домови загрозени од шумските пожари во Калифорнија, двајца пожарникари повредени

Свет | пред 3 седмици

media-libraryk10rpevd6fliclod3wr

(Видео) Третпат опожарен приватен имот на шумочувар од Зелениково

Македонија | пред 3 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања