Промени тема
Контакт
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот

До сега од ковид-19 сме изгубиле град со големина на Берово или Кратово

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
korona-3

Морам да дообјаснам за оние коишто не разбрале како тоа до сега од ковид-19 сме изгубиле град со големина на Берово или Кратово, напиша на својот ФБ профил Професорот од  Универзитет "Св. Климент Охридски" Технички Факултет - Битола, дејан Трајковски.

— реклама —
Професорот во својата објава додава:

— реклама —
Одвишната смртност за цела 2020 година, според билтените на Државниот завод за статистика изнесуваше малку над 5.000 лица. Од тој број 2.500 беа официјално починати од ковид-19, што е таканаречена објаснета одвишна смртност. Останува необјаснетата одвишна смртност од 2.500 лица, кои умреле во ноември и декември, на врвот од есенскиот бран на епидемијата. Значи, не умреле поради нелекување од други болести, бидејќи знаеме дека болниците работеа со намален капацитет уште од март. Јасно е дека најголемиот дел од одвишната смртност се должи на ковид-жртвите од пикот на епидемијата.

Било како било, реалната смртност ја добиваме множејќи ја официјалната со фактор 2 (2.500 х 2 = 5.000). До денеска официјалниот број на ковид-жртви веќе се искачи речиси на 3.500, односно множејќи го овој број со факторот 2 доаѓаме до приближно 7.000 ковид-жртви - точно колку целокупното население на Берово или Кратово.

— реклама —
Билансот не е конечен, досега поминавме малку повеќе од половината од патот, а некаде во јули или август годинава од месечните билтени на ДЗС ќе добиеме подобра претстава за катастрофата што не снашла.

— реклама —
Само, се плашам дека дотогаш бројките ќе покажат загуба на население колку град со големина на Делчево или Свети Николе.

 

извор: ФБ Дејан Трајковски

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања