„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

До среда ќе се знае дали ќе се одржат избори или пратеници од ВМРО-ДПМНЕ ќе гласаат за промена на името

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
sobranie-pratenici

Во текот на оваа недела треба да бидат познати следните чекори во врска со целокупниот процес на имплементација на Договорот од Преспа и натамошните перспективи за интегрирање на земјата во ЕУ и НАТО. Опозициската ВМРО-ДПМНЕ и натаму на ставот дека нема да поддржи уставни измени, а власта нагласува дека ќе стори се што е во нејзина моќ да го обезбеди двотретинското мнозинство, во спротивно ќе се оди на предвремени избори.

— реклама —

Исходот од обидите да се даде поддршка на уставните измени, најверојатно ќе се знае в среда, кога премирот Зоран Заев, како што рече минатата недела, ќе соопшти дали има мнозинство или политичките субјекти силите ќе мора да ги пресметаат на предвремени избори.

- Веруваме дека ќе имаме некаков резултат до крајот на неделава или почетокот на наредната. Некаде околу 10 октомври е некаков таргет кога треба да и соопштиме на јавноста кои се следните чекори. Се надевам дека ќе имаме можност да соопштиме дека е обезбедено потребното двотретинско мнозинство, истакна Заев минатата недела.

— реклама —

Лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски вчера излезе со нови барања до власта - предвремени избори со формирање пржинска влада и јавен обвинител на предлог на опозиција или отфрлање на Договорот и избори, по кои ќе се избере јавен обвинител со консензус на сите партии.

- Има две опции. Првата се избори, кои Зоран Заев ги најави и ВМРО-ДПМНЕ ги прифати. За тоа да се случи мора да има техничка влада. Потребно е да се создаде атмосфера на фер услови и да се избере јавен обвинител на предлог на опозиција. Втората опција е Зоран Заев веднаш да се откаже од Договорот и веднаш на избори, па народот да одлучи. ВМРО-ДПМНЕ по изборите веднаш ќе поддржи создавање нова институција за гонење на криминал, водена од јавен обвинител постигнат со консензус од сите партии, побара Мицкоски.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања