Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец
Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец

Добија кривични: Пазарни инспектори фатиле нелегални менувачници на Бит Пазар, но наместо да ги запечатат - ги казниле парично

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Скопје
paridenari1

Единица за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје поднесе кривична пријава против 6 службени лица - Инспектори вработени во Државен Пазарен Инспекторат за сторено кривично дело ,,Злоупотреба на службената положба и овластување" од чл. 353 од Кривичниот законик.

— реклама —

Имено, во текот на месеците Март и Април 2023 година, пријавените преземале службени дејствија и вршеле контрола во три објекти обележани како менувачници, лоцирани во близина на “Бит Пазар" за кои што било утврдено дека не биле регистрирани како правни лица и не поседувале лиценци издадени од НБРМ за вршење менувачко работење, а подолг временски период работеле како менувачници.

— реклама —

Иако согласно Законот за забрана и спречување на вршење на нерегистрирана дејност согласно кој истите сами навеле дека постапуваат, пријавените инспектори на затекнатите лица во дивите менувачници биле должни да им изречат Решение за забрана за вршење на дејност, да им ги запечатат објектите, да им ги одземат предметите, опремата и средствата со кои е направен прекршокот, како и да им изречат глоба во износ од 1000 до 20.000 евра во денарска противредност, истите не ги преземале наведените дејствија.

— реклама —

При сите три извршени вонредни надзори на сите три менувачници на секој од сопствениците, пријавените им изрекле еднократна парична глоба во износ од 80 евра во денарска противредност и ги оставиле и понатаму менувачниците редовно да работат, со што постапиле спротивно на Законот за забрана и спречување на вршење на нерегистрирана дејност и со незивршување на својата службена должност го сториле кривичното дело “Злоупотреба на службената положба и овластување“.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 3 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 3 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 4 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 4 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања