Промени тема
Контакт

Добил 74.294 денари од игри на среќа, а никогаш не учествувал: Гостиварец се сомнева на злоупотребени лични податоци

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 8 месеци -

Македонија
sportska-oblozuvalnica-640x428

Седумдесет и двегодишен жител на Гостивар пријавил во полиција дека му биле злоупотребени личните податоци, по што се соочил со сериозни финансиски последици.

Како што информираат од ОВР Гостивар, случајот бил пријавен на 20 јануари 2026 година, откако оштетениот при вадење уверение за остварен доход од Управата за јавни приходи забележал дека во неговото досие се евидентирани добивки од игри на среќа во износ од 74.294 денари за 2024 година.

— реклама —

Според неговата изјава, тој никогаш не учествувал во игри на среќа, ниту пак подигнал какви било добивки. Поради тоа, се сомнева дека неговите податоци од лична карта биле злоупотребени од вработени во спортска обложувалница, кои наводно ги користеле за исплата на добивки на трети лица.

— реклама —

Дополнително, поради фиктивно прикажаните приходи, на оштетениот му биле направени финансиски кратења на пензијата што ја прима во Италија, со што штетата за него не била само евидентна, туку и директна.

— реклама —

Надлежните служби преземаат мерки за целосно расчистување и документирање на случајот.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryn0aee5oibrlpcJpDrhJ

Сузбиена криминална група за криумчарење и корупција: Одземени над 100.000 евра, лекови, суплементи и цигари

Македонија | пред 6 часа

— реклама —
bolnica

35-годишник со тешки повреди: Од болницата каде што лежел рекле дека паднал од кревет, тој тврди дека бил нападнат од болничар

Македонија | пред 6 часа

media-librarygptvjv6fu3991qI9BV2

Жена нападната од сопругот во двор на црква

Македонија | пред 7 часа

media-libraryv6ei2si0hg9n1VlSshW

Седум возачи уапсени поради безобѕирно управување возило

Македонија | пред 7 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања