Добил отказ, па ја хакирал фирмата и на конкуретите им оддавал деловни тајни

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Прилеп поднесе кривична пријава против Ж.Г.(51) од Прилеп поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела ,,оштетување и неовластено навлегување во компјутерски  систем“ и ,,оддавање и неовластено прибавување деловна тајна“.

— реклама —

Во периодот од јули 2018 до август 2018 година пријавениот, по завршувањето на работниот однос во правно лице од Прилеп, како администратор на компјутерскиот систем, искористувајќи ја приликата што наведеното правно лице не презело активности за промена на корисничките имиња и пасворди за пристап кон компјутерскиот систем, континуирано, од неговиот персонален компјутер, користејќи програма за мрежно поврзување и контролирање на друг компјутер, неовластено пристапувал кон компјутерскиот систем на правното лице, при што во повеќе наврати времено го оневозможил користењето и употребата на компјутерскиот систем.

— реклама —

При тоа, пријавениот ја следел деловната коресподенција на вработените и прибавувал класифицирани документи во електронска форма, кои потоа преку електронска пошта, ги праќал до сопственикот на друго правно лице од Прилеп.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања