Промени тема
Контакт
„Претрес“: Сведоштво за насилство што обвинителот не го гледа; Шемата за луксуз со социјална помош
„Претрес“: Сведоштво за насилство што обвинителот не го гледа; Шемата за луксуз со социјална помош

Добитничката на Златен Глобус за музиката во филмот Гладијатор - Лиса Герард доаѓа во Скопје!

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Магазин
l_gerrard1

Фантастичната вокалистка и музичар Lisa Gerrard, наградена со Златен глобус за музиката во филмот Гладијатор и нејзиниот последен проект на кој сорабутува со уникатниот женскиот хор од соседна Бугарија The Mystery Of The Bulgarian Voices, доаѓаат во Скопје!

По потекло од Ирски емигранти, Lisa Gerrard е родена и живее во Австралија, каде што и ја започнува својата кариера пред речиси 40 години. Прилично експерименталната пост панк музичка сцена на крајот на 70-те во Мелбурн, ја спојува со Brendan Perry, со кој во 1981 го создаваат уникатниот проект Dead Can Dance, кој опстојува и денес со неколку креативни прекини.

— реклама —

Dead Can Dance се неприкосновен и по многу нешта автентичен музички состав, кој обединува два вокали, кои со својата моќност и боја како да го сликаат почетокот или крајот на светот. Lisa Gerrard и Brendan Perry својата инспирација изминатите декади ја црпат од племенското, окултното, световното, но и од земското, профаното постоење.

Во професионалната биографија на Lisa Gerrard се впишани неколку соло проекти, како и музика за филм, на кои таа се потпишува и како авторка, но и изведувачка. Така, за музиката за епскиот спектакл Гладијатор, таа и композиторот Hanz Zimmer беа наградени со Златен Глобус.

— реклама —

Gerrard во Скопје доаѓа со нејзиниот последен проект на кој соработува со бугарскиот женски хор The Mystery Of The Bulgarian Voices. Хорот опстојува од средината на минатиот век и го негува автентичниот бугарски мелос, зачинет со нереално, самовилско пеење. Светот за прв пат слушна за овој хор на крајот на 80-те години на минатиот век, кога хорот го издава својот истоимен албум “Le Mystère des Voix Bulgares, vol. 2” за кој ја добиваат престижната Grammy награда во 1989 година. По речиси 4-децениско постоење доаѓа нивната соработка со маестралната Lisa Gerrard, со која создаваат една природна бајколика симбиоза, излегува албумот “BooCheeMish”, кој ги редефинира позициите на поимот World music и со својата уникатност буквално ја возбуди светската музичка сцена при нивните „лајв“ настапи.

Концертот на Lisa Gerrard & The Mystery Of The Bulgarian Voices е во организација на Младинскиот Културен Центар, а ќе се одржи во Македонската Филхармонија, на 8 октомври 2019 година!

Билетите се веќе во продажба преку продажната мрежа на МКЦ - https://bileti.mkc.mk/

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања