Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Владиката Петар: Томосот, кавгите, тарифите, парите за ТВ, политиката, контроверзиите Гледај на LANDOV.MK

Добив отпусна листа, а уште не ми е завршена терапијата, вели Пехчевски кој боледува од цистична фиброза

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Македонија
igor-trikafta-cistichna-fibroza

Игор Пехчевски кој е сместен на Универзитетската клиника за детски болести каде прима терапија за цистична фиброза добил отпусна листа и со тоа вели дека му се ускратени уште цели два дена од примањето на венската терапија.

— реклама —

„Ова ми се прави мене лично дека го барам лекот ‘трикафта’ за сите! Koj тука изгрува Господ за кој ќе живее, а кој не?“ прашува тој.

— реклама —

Објаснува дека неговото лекување почна на 4 април, а задолжително треба да трае до 17 април.

— реклама —

„Се ускратуваат цели 2 дена од примањето на венската терапија. Периодот за хоспитализација секогаш ни е предвидена 14 денови на секои 3 месеци. Не знам зошто некој мене би ме испишал пред време???“, вели тој.

— реклама —

Претходноод Универзитетската клиника за детски болести објавија дека Пехчевски е во стабилна состојба и утре ќе биде пуштен дома. Со спроведување на препишаните терапии и редовна физикална терапија, може да се одржува стабилен, наведоа од клиниката.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања