Вчера вечер екипите на ЈП Комунална хигиена – Скопје целосно го исчистија плоштадот “Македонија” по успешната акција за собирање на хуманитарни средства за настраданите во земјотресот во Турција и Сирија.
„Доцна вечерва екипи на ЈП Комунална Хигиена - Скопје целосно го исчистија плоштадот “Македонија” по успешната волонтерска акција за собирање на хуманитарна помош за настраданите во катастрофалниот земјотрес во Турција и Сирија.
Од плоштадот подигнати се неколку тони материјал кој не беше искористен како хуманитарна помош.
Им благодариме и на волонтерите кои активно се вклучија и во акцијата за чистење на плоштадот “Македонија”“, стои во објавата.
/330923382_915235959498274_6140358092853258726_n" rel="attachment wp-att-213136">