Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Владиката Петар: Томосот, кавгите, тарифите, парите за ТВ, политиката, контроверзиите Гледај на LANDOV.MK

Додека Артан Груби е Вицепремиер, брат му Ветон добива тендери од 1 милион денари, ДКСК и ЈО да реагираат, вели ВМРО-ДПМНЕ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Македонија
BDI-Cair-10

Додека Артан Груби е Вицепремиер, Ветон Груби преку неговата фирма ЕТЦ Травел ДООЕЛ добива државни тендери, вели ВМРО-ДПМНЕ

— реклама —

„Над 1 милион денари во период од две години од владата и министерството на Груби се префрлени на фримата на братот на Артан, Ветон Груби, ЕТЦ Травел ДООЕЛ.

— реклама —

Имено во период од 2020 до 2022 година, во вкупно 8 трансакции, се префрлени над 1 милион денари на туристичката агенција ЕТЦ Травел ДООЕЛ од владата и министерството на Груби.

Тоа е истиот оној брат на Артан Груби кој се стекна со дуќан на улица Македонија по цена од 700 евра за метар квадратен.

— реклама —

Јасна е намерата, уште појасна е братската врска, а најочигледен е судирот на интереси. Целта е да владее криминалот и корупцијата, да се позиционира мрежата насекаде.

— реклама —

Време е ДКСК, ЈО и институциите на прогонот да почнат да ги применуваат законите, зошто тоа е нивна законска обврска, за чие не исполнување еден ден ќе понесат одговорност“, се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања