Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец
Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец

Додека Муцунски се занимава со претстојните избори, општината тоне во нечистотија, обвини Делева

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Скопје

„Аеродром тоне во нечистотија. Некогаш најчистата и најзелена скопска општина денес се претвора во огромна дива депонија, за која речи си никој не води грижа“, обвинува Сузана Делева, советничка на СДСМ во Советот на Општина Аеродром.

— реклама —

Таа додава:

— реклама —

Секојдневно сме сведоци на преполни корпи за џебен отпад кои делуваат како никогаш да не се исчистени.

— реклама —

Блоковското зеленило се полни со кабаст отпад кој со месеци стои на зелените површини на кои некогаш играа деца.

Јавните површини меѓу зградите никогаш не биле повалкани.

Ѓубре на секој чекор можат да посведочат нашите сограѓани кои секојдневно упатуваат апели за редовно чистење на општината.

Го потсетуваме градоначалникот Тимчо Муцунски, дека доби доверба од граѓаните со ветувањата дека Аеродром ќе биде најчистата скопска општина, по реорганизацијата на службите за одржување на хигиената. Ова беше еден од неговите топ 7 приоритети за Аеродром.

Секојдневие станаа и преполните контејнери во Стар Аеродром и околу трговските центри Скопјанка, Три Бисери, Бисер, Капитол, Лиса и други јавни површини со зголемена фреквенција на движење.

Речи си никаква реакција од Муцунски и Општината за ваквата алармантна состојба нема ни до Градот Скопје и јавното градско претпријатие Комунална хигиена.

Јавно го прашуваме Муцунски, има ли Аеродром градоначалник?

Го повикуваме Градоначалникот на Аеродром, да се фокусира на обврските во општината наместо да се занимава со претстојните парламентарни и претседателски избори.

Ѓубрето во Општина Аеродром нема само да се исчисти.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања