Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

Додека носи закони на штета на лицата со попреченост, власта манипулира со нивната положба, вели Левица

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
MENUVAME_09082021-4

Негодувањата на Министерството за труд и социјална политика во врска со предлогот за изменување на Законот за детска заштита, поднесен од пратениците на Левица, со кој финансиската поддршка за децата со попреченост ќе се зголемеше за 100%. се манипулативни и злонамерни. Извршната власт, во изминативе пет години, не презеде ништо во однос на правата на овие лица. Впрочем, во февруари оваа година,  владејачкото

мнозинство од СДСМ и ДУИ, донесе измени на Законот за социјална заштита, кои беа директно на штета на лицата со попреченост, се вели во демантот на Левица.

„Со ваквите измени, лицата со попреченост се принудени секоја година да бараат стручен

— реклама —

наод и мислење за степенот на попреченост од Комисијата при Заводот за ментално здравје,

за да можат да ги остварат своите права! Исто така, со усвоените измени на Законот, наместо поедноставување на процедурите потребни за преглед, анализа и конечно мислење за лицата со посебни потреби, истите се усложнуваат.

— реклама —

Така на пример, доколку незадоволното лице поднесе жалба против решение на Центарот за

социјални работи, тогаш Министерството за труд и социјална политика повторно треба да

бара мислење од Службата за функционална проценка, што воопшто не е логично, бидејќи

— реклама —

истиот орган веќе еднаш дал мислење за истото лице. Исто така, дополнително се

одолговлекува постапката по жалба, а со тоа и времето за остварување на правата на лицата со попреченост.

— реклама —

Јасна е целта на небулозната реакција на Министерството за труд и социјална политика, кое во услови на безидејност, неодлучност и некомпетентност, води политики кои ја влошуваат општествената положба на лицата со попреченост. Доколку навистина сакаа да покажат интерес за решавање на проблемите на оваа група граѓани, од Владата можеа на едноставен правен начин да поднесат соодветни амандмани на предлогот на законот,кој го поднесоа пратениците на Левица, и на тој начин уште повеќе да се подобри законскиот текст во насока да се излезе во пресрет на оваа група.

Но, тоа не се случи и со тоа се потврдува дека намерата на Владата воопшто не е во насока на задоволување на барањата на лицата со попреченост, која троши милионски суми за

вооружување и НАТО-пактот, а нема финансии за лицата со попреченост и стечајците“, вели Левица.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања