Промени тема
Контакт

Додека СДСМ ги плаќа со милиони евра народни пари своите аздисувања, градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ реализираат илјадници проекти, вели опозицијата

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
sdsm-funkcioneri

„СДСМ е паријата која потрошила за 5 месеци неколку милиони евра за набавка на службени возила, перење на возила, мебел, кафе, цвеќиња, жардињери, фстаци и хотелски услуги, и е лицемерно да говори за штедење“, вели ВМРО-ДПМНЕ.

Тие додаваат:

„Да потсетиме дека за овие 5 месеци владата потрошила 300 илјади евра за цвеќиња, кафиња и хотелски услуги.

— реклама —

Министерството на Артан Груби потрошило 30 илјади евра за перење коли, ажурирање веб сајт, жардињери.

МВР во време на криза набавило мебел во вредност од 250.000 евра, а министерствата на Маричиќ, Османи и Николовски околу 2,5 милиони денари за перење на возила и мебел.

— реклама —

Ова е само дел од милионското аздисување на власта на СДСм и ДУИ во време кога граѓаните едвај врзуваат крај со крај.

— реклама —

Тоа што се обидува својата неспособност и своето недомаќинско работење да го покрие со манипулации за други, покажува дека СДСМ во исто време е нервозна од резултатите на градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ кои за овој период реализираа илјадници проекти.

Патем овие проекти ги реализираа во услови на наследени празни буџети, долгови и опструкции од централната власт“.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања