Додека сите чекаат план за онлајн настава - вработените во Бирото за развој на образованието на колективен одмор!

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
skolo

Над 200 вработени во Бирото за развој на образованието и директорот си отишле на колективен годишен одмор без да ја изработат програмата за скратен наставен план за основните и средните училишта, на која чекаат илјадници наставници и професори за новата учебна година која, според последниот предлог од Комисијата за заразни болести, ќе биде онлајн за најголем дел од учениците.

— реклама —

САКАМДАКАЖАМ.МК дознава дека Министерството за образование и наука (МОН) таа задача на Бирото за развој на образованието му ја дала уште во април. Но, до денеска Програма за скратен наставен план за сите предмети во основните и во средните училишта, нема.

Веќе требало да течат обуки за онлајн предавања, за интеракција со учениците и средношколците, како и за начинот на вреднување на нивните резултати, но и тоа не го направиле вработените во Бирото и директорот Зекирија Хасипи.

— реклама —

Текстот во целост на: САКАМДАКАЖАМ.МК

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања