Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Владиката Петар: Томосот, кавгите, тарифите, парите за ТВ, политиката, контроверзиите Гледај на LANDOV.MK

Додека сум јас министер, доцнење набавки за лекови повеќе нема да има, порача Меџити

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Македонија

Додека сум јас министер, доцнење набавки за лекови повеќе нема да има, порача министерот за здравство, Фатмир Меџити, на средбата со претставниците на Сојузот на здруженијата на дијабетичарите.

— реклама —

dobivaj vesti na viber

Во текот на разговорот, на кој беа присутни и стручни служби на Mинистерството, надлежни за проблематиката, меѓу кои и претседателот на Комисијата за дијабетес, Ирфан Ахмети, Меџити истакна дека тие имаат целосно разбирање за ситуацијата во која се наоѓаат лицата со дијабетес во земјата и максимално се заложуваат актуелните предизвици да бидат надминати.

— реклама —

„Правиме сѐ во наша моќ што побргу се завршат правните процедури, кои како институција мора да ги почитуваме. Како што веќе во неколку наврати информиравме, во моментот течат жалбените постапки на набавката на ленти, процедура што не зависи од Mинистерството. Доколку Второстепена комисија ја одбие жалбата, веднаш ќе се пристапи кон склучување на договорот за набавка на ленти и глукомери за пациенти со тип 1 и тип 2“, информира Меџити.

Тој на претставниците на Сојузот на здруженијата на дијабетичарите им објасни дека, откако ќе стигне решението од Второстепена комисија при Државната комисија по жалби за јавните набавки – одлуката станува конечна по што веднаш ќе биде склучен договорот за набавка на ленти и глукомери за тип 1 и тип 2 и во најбрз можен рок ќе се почне со распределба во инсулинските аптеки.

— реклама —

„Сите процедури во рамките на Министерството за здравство се завршени во најкраток рок, навистина жалам што набавката доцни, таа требало да почне уште во декември од претходното раководство“, истакна Меџити.

Тој ја потпиша одлуката за избор на најповолен понудувач за набавка на сензори за континуирано мерење шеќер во крвта за сите деца со дијабетес, како и за бремените жени и за слепите лица, кои првпат ќе добијат вакви сензори.

— реклама —

Најави и дека при крај е анализата за пронаоѓање модел за да се избегнат досегашните проблеми.

Министерството за здравство побара разбирање од пациентите за оваа состојба, која вети дека многу бргу ќе биде надмината, а Меџити истакна дека по преземање на функцијата, максимално ќе се заложи ваквите застои во набавките повеќе никогаш да не бидат случај.

Макфакс

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања