Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

Додека умираа луѓе од Ковид-19, СДСМ и ДУИ во прогласена кризна состојба краделе, местеле тендери и се луксузирале, вели ВМРО-ДПМНЕ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
kovid-koronavirus-makedonija

Во време на криза и кризна состојба криминалците од СДСМ И ДУИ местеле тендери врз здравјето на граѓаните, вели ВМРО-ДПМНЕ

„Додека ги тераа граѓаните да аплаудираат за „успесите“ на нивните министри, криминалците од СДСМ и ДУИ краделе, местеле тендери и се луксузирале со пари на граѓаните.

— реклама —

Додека десетици наши граѓани умираа во текот на еден ден, тендерашите од СДСМ И ДУИ во време на прогласена кризна состојба, заобиколувајќи го законот купувале возила, набавувале медицинска опрема со енормно висока цена дури за 500% повисока од реалноста, набавувале канцелариски материјали.

Па така, за време на прогласена здравствена криза, Здравствениот дом во Тетово ја искористиле ситуацијата и како потреба за справување со епидемијата се подновиле со нов автомобил Опел кросленд вреден над 21 илјади евра.

— реклама —

Само 2 месеца по несреќата во тетовската болница, каде што живи изгореа 14 луѓе, Здравствениот дом во Тетово се подновил со ново возило од парите на граѓаните.

Наместо заштита на здравјето на граѓаните и подобрување на условите во болниците и домовите, парите се трошеле за луксузирање на директорите и министрите на ДУИ и СДСМ.

— реклама —

Да биде уште по трагично во извештајот кој испадна деновиве, за следење на јавните набавки во време на прогласена кризна состојба во државата, институциите вршеле злоупотреба и во набавувањето на здравствена опрема и материјали. Па така во ист временски период, за иста опрема од ист производител се плаќало различна цена. Иста заштитна маска од ист производител во ист ден се набавувала од 2,7 денари до 104 денари.

Како неопходни во време кога имавме по илјадници заразени и десетици починати од Ковид-19 се набавувале и канцелариски материјали со предзнак - Ковид потребни.

— реклама —

Само одлепени од реалноста, луѓе како овие од СДСМ и ДУИ можат да се луксузираат и крадат додека граѓани умираа.

За секој еден изгубен живот, за секој еден наместен тендер и секој еден криминал ќе има одговорност. Граѓаните ќе го казнат ова неодговорно и расипничко работење на функционерите на СДСМ и ДУИ на следните предвремени парламентарни избори“, се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања