Промени тема
Контакт

Доделени дипломите на матурантите од гимназијата „Свети Климент Охридски“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Охрид
Maturanti_10082022001-1440x1080-1

На пригодна свеченост која се одржа вчера во Центарот за култура „Григор Прличев“ беа доделени дипломите на матурантите од гимназијата „Свети Климент Охридски“ од генерацијата 2021 – 2022 година.

Свое обраќање пред присутните имаше градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков.

– Голема е честа, на овој прекрасен празник, посветен на нашиот светител и најголем учител Свети Климент Охридски, да се биде вечерва овде, на оваа свечена церемонија, за да ја прославиме титулата на зрелоста и да отвориме нова страница oд животното патување на уште една генерација млади охриѓани.

Среќен сум што заедно со сите вас можам да го почувствувам силниот интензитет на емоции, кои ја красат оваа неповторлива атмосфера.

За матурантите тоа е возбудата пред новиот почеток, за родителите тоа е радоста да ги видат своите синови и ќерки во матурска наметка, а за наставниците тоа е гордоста што успеале да ги подготват своите ученици за иднината која ги очекува.

— реклама —

Драги мои матуранти,

Изминатите две години не научија да ги негуваме и да им се радуваме на малите, но сепак важни аспекти во животот. Вие сте младина која се соочи и успешно се бори со еден од најголемите предизвици во историјата на човештвото. Сигурен сум дека токму ова искуство ќе ви даде самодоверба, цврсто да чекорите напред и да ја надминувате секоја препрека.

— реклама —

Со мојата искрена честитка за вашето матурирање, сакам да ве поттикнам неуморно да ја продолжите потрагата по знаење и да откривате нови и уникатни начини да станете најдобрата верзија од себе си. Искористете го ентузијазмот што ве опкружува и храбро осварувајте ги сите соништа. Нека вашата ѕвезда водилка биде сознанието дека сте позитивен пример и инспирација за другите. Затоа потрудете се да бидете добри луѓе, полни со човечност и вредни за почит.

Од вас очекувам успешни професионалци во многу општествени области и верувам дека вашите имиња и презимиња ќе остават значаен печат во историјата на нашиот Охрид.

Големиот писател Марк Твен рекол „Двата најважни денови во вашиот живот се денот кога сте родени и денот кога ќе сфатите зошто сте родени“. Токму затоа водете се од вашата желба и личното убедување кога ги носите сите одлуки. Нека сè во вашиот живот биде онака како што вие самите посакувате.

— реклама —

Во мое лично име и во името на Локалната самоуправа уште еднаш ви упатувам најсредечни честитки за вашето матурирање и посакувам заедно да прославиме уште многу ваши значајни успеси.

Нека е за многу години денешниот празник и нека е вечно името на Свети Климент!, истакна градоначалникот Пецаков во своето обраќање.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика

Поврзани содржини

media-library07sf0l2mrl9tb6DVj0Q

Џез под „Света Софија“: Почна четвртото издание на фестивалот во Охрид

Охрид | пред 2 дена

media-library4qk1s4mpve60eZClkmk

Четири вечери, различни музички изрази: Охрид џез фестивал од 27 до 30 август

ОО | пред 3 дена

media-libraryos1hb68q4st10IQTc3b

Стартуваше 39. Охридски пливачки маратон, Пецаков: „Мирни води на сите пливачи“

Охрид | пред 1 седмица

media-libraryvuq2j0pptvmn8gtL1YY

Млади литературни творци од четири балкански земји се собраа во Охрид

ОО | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања