Промени тема
Контакт

Доделени дипломите на матурантите од СОСУ „Св. Кирил и Методиј“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Охрид
Dodeluvanje_diplomi_11082023008

Со пригодна свеченост на сцената од Долни Сарај, вечерва беа доделени дипломите на матурантите од СОСУ „Св. Кирил и Методиј“. Во име на Општина Охрид за постигнатиот успех им честиташе советничката Ана Крстеска.

— реклама —
— реклама —

– Бидете уверени во тоа дека упорноста и трудот секогаш се исплаќаат. Доказ за тоа претставува и примерот со новелистката кој што ја цитирав на почетокот. Таа, 12 години се обидувала да ја публикува својата прва книга „Хари Потер“, но била одбивана. Сепак после 12 години успеа во намерата и токму тоа дело беше прогласено за бестселер. Ј.К. Роулинг не е единствениот ваков пример. Тоа е така затоа што таа продолжила, а не се откажала кога работите станале тешки. Такви ги има многу. Такви луѓе постојат и во Охрид и во Македонија. Впрочем и историјата на Македонија укажува на тоа дека постоеле луѓе кои не се откажуваат, кои оделе по потешкиот пат само за направат нешто добро за Државата. Вашите способности за напорна работа, Вашата интелигенција, образованието кое ќе го стекнете, Ви даваат уникатен статус во општеството, бидејќи токму Вие сте супер силата на нашето општество. И доколку го искористите Вашиот глас да им помогнете на безгласните, Вашата сила за да им помогнете на немоќните, горди на Вас нема да бидат само родителите, туку сите оние на кои сте успеале да им помогнете. Не е потребна магија за да се направат промени во светот. Потребната енергија за промени ја носиме во нас самите, им порача советничката Крстеска.

— реклама —
— реклама —

На свеченоста свое обраќање имаше и директорот на училиштето кој им посака успех во иднина. Во рамки на свеченоста беа доделени и посебни плакети за значаен успех и придонес за афирмација на училиштето.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarys6isuqib5h5f0d28b8i

Охрид со нови капитални проекти: Катна гаража, пречистителна станица и спортска сала

Охрид | пред 2 дена

— реклама —
media-librarygesnda26ae81frSiUhm

(Видео) Продолжува реконструкцијата на улицата „7-ми Ноември“ во Охрид

Македонија | пред 1 седмица

media-library8t0vpoac23pncs70GXV

Општина Охрид започнува чистење на речните корита и критичните точки

ОО | пред 1 седмица

media-libraryhfqjoqj9s2o980tZABb

(Видео) Видео од Охрид хит на социјалните мрежи: Девојче со преубав глас ја запеа „Ако згрешам нека изгорам“

Вирално | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања