Промени тема
Контакт
Најнова епизода Стефан Николовски на „Претрес“: Тони, Тино, Атанас, Љутков, политичарите и „тајните“ зад сцената! Гледај на LANDOV.MK

Доделени наградите „13 Ноември“ на Град Скопје

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Скопје
46146059_2065857206793814_8101874252447219712_o

Вчеравечер, во Македонската филхармонија, се одржа свеченоста по повод одбележување на 13 Ноември - Денот на ослободувањето на Скопје, на која градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов, на годинешните добитници, на нашите сограѓани коишто дале свој придонес за негова афирмација, им ги врачи наградите и им се обрати на присутните гости.

Добитници на Наградата „13 Ноември“ на Град Скопје, за 2018 година се:

Од областа на науката

МАРГАРИТА ЦАЦА НИКОЛОВСКА, судија, за придонес во унапредување, промоција и заштита на човековите права и слободи, развој на демократијата и владеење на правото.

— реклама —

Од областа на образованието и воспитанието

АЏИ ФИДА, професор во пензија, за долгогодишна успешна дејност во областа на образованието и воспитанието.

Од областа на спортот

АНДРЕЈ СТОЈАНОВСКИ, пливач, за остварување врвни резултати во пливачкиот спорт во категоријата за лица со посебни потреби.

— реклама —

Од областа на културата:

1.МАРКО КОЛОВСКИ, музиколог, за значајни долгогодишни остварувања во областа на музичкото творештво.

2. РЕСУЛ ШАБАНИ, писател и книжевен преведувач, за превод на Антологиите „Поети академици“ и „Поети и раскажувачи академици“.

Од областа на уметноста:

РАМАДАН ШУКРИ, академски музичар, за придонес во областа на уметноста, културата, образованието и воспитанието.

— реклама —

Од областа на публицистикатаСЕФЕР ТАХИРИ, новинар, за 20-годишен придонес во развојот на новинарството и публицистиката.

Од областа на архитектурата

ДАНИЦА ПАВЛОВСКА – ЦИГИ, архитект, за долгогодишна посветеност за зачувување на автентичноста и вредностите на градот Скопје во сферата на планирање и управување со просторот.

Правни лица:

1.ЈЗУ ГЕРОНТОЛОШКИ ЗАВОД „13 НОЕМВРИ“ СКОПЈЕ, за долгогодишна успешна работа.

2.ПРОТИВПОЖАРНА БРИГАДА НА ГРАД СКОПЈЕ, за успешна работа и голем придонес во заштитата и спасувањето на граѓаните од пожари, природни непогоди и други несреќи.

За ученици и студенти:

1.АРДА МУСТАФАОГЛУ, ученик во ДМБУЦ „Илија Николовски - Луј“, за континуирани успешни постигнувања во наставните и воннаставните активности и посебен придонес за афирмација на градот Скопје во светот.2.МИЛА КОЦЕВСКА, СОФИЈА СТОЈМЕНОВА, НЕНА ГИЕВСКА, МАРИЈА ГАВРИЛОВИЌ, ПЕТАР ТОДОРОВСКИ И ВЕДРАН ЛАУРЕНЧИЌ, ученици во ООУ „Кочо Рацин“- Скопје, за хуманост-укажување прва помош на лице во градски автобус.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања