Промени тема
Контакт
Најнова епизода Стефан Николовски на „Претрес“: Тони, Тино, Атанас, Љутков, политичарите и „тајните“ зад сцената! Гледај на LANDOV.MK

Доделени наградите на Маџирмаалските поетски средби

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Магазин
Nagradeni-avtori-na-Madzirmaalski-poetski-branuvanja-2018

Новата поетска манифестација „Маџирмаалски поетски бранувања“ се одржа неодамна во Даут-пашиниот амам, седиште на Националната галерија на Македонија.

— реклама —

На почетокот на манифестацијата се обрати претседателот на Извршниот одбор на традиционалните „Маџирмаалски средби“, Зоран Панчевски, а потоа од страна на Комисијата беше соопштено дека на Конкурсот што го распишаа организаторите за песни кои содржат мотив поврзан со Маџир Маало и тематско-содржински кореспондираат со заложбите за афирмација на урбаниот живот, навиките и традициите, пристигнале преку триесет поетски дела од дваесет и четири автори меѓу кои освен маџимаалци и жители на Скопје, има и поети од Прилеп, Велес, Охрид, Тетово, Делчево и од други градови.

— реклама —

Комисијата изврши строга и принципиелна селекција и одлучи главната награда „Маџирмаалски поетски бранови“ за 2018 година да му биде доделена на авторот Томислав Лазаревски за песната „Маџир Маало - едно минато време (хаибун)“, а двете придружни награди да ги добијат Габриела Стојаноска-Станоеска за песната „Духот на Маџир Маало“ и Љубиша Николиќ за песната „Таму јас не можам“.

— реклама —

Наградите на поетите им ги додели претседателот на Извршниот одбор на традиционалните „Маџирмаалски средби“, а потоа тие ги прочитаа своите песни пред публиката. За особен придонес во организацијата на првите „Маџирмаалски поетски бранувања“ му беше доделено посебно признание на поетот, писател и поддржувач на традиционалните „Маџирмаалски средби“, Илко Димитриески, кој ја прочита својата поема „Маџир Маало“.

Благодарници од страна на организаторите им беа доделени на поддржувачите и на претставници на медиумите, а манифестацијата продолжи со читање песни од присутните автори.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања