Доделени наградите од конкурсот за форографија „Моето Европско Скопје“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Скопје
45538260_2056422721070596_9189446051528966144_o

Претседателката на Советот на Град Скопје, Љубица Јанчева, вчеравечер во ЕУ Инфо центарот ја отвори изложбата на учениците од средните училишта на Град Скопје - „Моето Европско Скопје“, која се одржа во рамките на мултумедијалната манифестација „Денови на Европско Скопје“.

— реклама —

Јанчева, на изложбата иницирана во чест на Денот на ослободувањето на градот Скопје – 13-ти Ноември, а произлезена од конкурсот за фотографија „Моето Европско Скопје“, ги поздрави сите учесници на конкурсот и ги додели наградите на авторите на најдобрите фотографии.

— реклама —

— реклама —

Првата награда ја доби Ангела Мирческа од СУГС „Ѓорги Димитров“; втората Јана Димовска од СУГС „Раде Јовчевски-Корчагин; а третата награда Суфјан Полику од СУГС „Сарај“. Дипломи им беа доделени на Миа Велковска од СУГС „Јосип Броз Тито; Јован Петковски од СУГС „Никола Карев“ и Викторија Клечковска од СУГС „Васил Антевски-Дрен“.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања